Во годината кога Македонија одбележува 80 години од историската кодификација на македонскиот стандарден јазик, симболот на нашиот идентитет, културен континуитет и државност, Владата на ВМРО ДПМНЕ на срамен начин дозволи да се избрише името, достоинството, македонскиот јазик во ЕУ, истакна денеска на прес-конференција Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ.– Премиерот Мицкоски заради теснополитичките интереси ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент -нешто кое беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен Македонски јазик, единствен Македонскиот народ.
Дали “иницијативите” на Мицкоски за меѓународна верификација на македонскиот јазик и идентитет се обична фарса која е однапред осмислена да заврши со неуспех?