Facebook / Timco Mucunski Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Хаг, каде ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на холандската дипломатија Каспар Велдкамп.
Централни теми во разговорите ќе бидат напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Холандија, како и иднината на процесот на проширувањето на ЕУ, и во тој контекст, натамошната холандска поддршка на македонската европска интеграција, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.