Според Филков, клучен меѓу овие е новиот предлог Закон за Судскиот совет, кој претставува коренита промена во начинот на кој се избираат и разрешуваат судиите, како и во одговорноста на самите членови на Советот.
„Од осумте закони во Реформската агенда со рок до јуни 2025, седум се веќе испратени во владина процедура : Закон за платите на судиите, Закон за платите на јавните обвинители, Закон за платите на членовите на Судски совет, Закон за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, Закон за Судскиот совет, Законот за судска служба, Законот за јавнообвинителска служба. Tocka
Предлогот е испратeн на мислење до ОДИХР.
Воспоставена беше комуникација и беше одржан состанок со претставниците на ОДИХР, за обезбедување на експертска помош за целосно усогласување на одредбите со препораките на ОДИХР”, изјави Филков. Zoom
Како дел од Реформската агенда и дел од акцискиот план бараме зголемување, односно враќање на коефициентите на платите, што сметам дека во овој момент е навистина доволно – изјави Филков.
Тој рече дека предлог законот за Судски совет ги измени и уреди деловите кои се покажаа како клучни за враќање на довербата на граѓаните во правосудството и ги повика пратениците да ја препознаат итноста и важноста од носење на овој закон. Plusinfo
Станува збор за закони што го засегаат правосудниот систем – изборот, оценувањето, платите, статусот и одговорноста на судиите и обвинителите, како и институционалните капацитети на Советите, вештачењето и службите во правосудството.
Според Филков, клучен меѓу овие е новиот предлог Закон за Судскиот совет, кој претставува коренита промена во начинот на кој се избираат и разрешуваат судиите, како и во одговорноста на самите членови на Советот. Zoom