Се преземаат чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација.
Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје, во координација со Владата на Република Северна Македонија, во текот на 2025 година доби согласност од Министерството за финансии за вработување на високо стручен кадар специјализиран за потреби на давање воздухопловно навигациски услуги. Sitel
Ќе се вработуваат високо образовани и стручни кадри од следните профили: четири метеоролози–прогностичари, еден метео набљудувач и еден инженер за сајбер безбедност.
Дополнително заради зголемен обем на работа во Секторот за воздухопловна навигација и планирани генерациски смени во одделението за Обласна контрола на летање, М-НАВ ад Скопје ќе вработи и школува шест контролори на летање во некој од Европските центри за школување на ваков кадар кој ќе биде избран на тендер“, се наведува во соопштението. Plusinfo
компанија за услуги за авијациска навигација М-НАВ денес објави дека презема чекори за доопремување со персонал, имплементација на нови технологии, замена на стара опрема и реорганизација, и дека во првата половина од годината се постигнати позитивни резултати со зголемување на бројот на летови над македонското небо за над 12 проценти. Vecer
“Порастот само на прелети процентуално и во апсолутна смисла е уште поголем во 2025 год во однос на 2024 год,” се додава во соопштението.
Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ на 19 јуни извести дека испратиле известување до раководството на М-НАВ со кое бараат да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги почитува обврските од минатогодишната Спогодба, која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Biznisvesti
Компанијата под раководство на претседателот на УО и директор на Секторот за воздухопловна навигација, стои во соопштението, веќе покажува резултати од реорганизацијата и промената во пристапот на менаџирање со кадрите.
Благодарение на добро планирање на кадрите-контролори на летање и капацитетите на системот за контрола на летање, во првите шест месеци од 2025 год. се пробиени сите рекорди и остварени се позитивни резултати со зголемување на бројот на прелети кои се водат на македонското небо за над 12 проценти. Alfa
За шест месеци се реализирани 133 474 летови за разлика од истиот период лани кога се реализирале 119 972 летови вклучувајќи ги и летовите до и од Скопје и Охрид.
Порастот само на прелети процентуално и во апсолутна смисла е уште поголем во 2025 год во однос на 2024 год – се вели во соопштението. Kurir