Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во „Тема на денот“ на Сител телевизија ја претстави својата визија за ревитализација на главниот град.
Време е Скопје повторно да го вратиме на скопјани и да изградиме град со кој ќе се гордееме сите ние и генерациите после нас, изјави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски откако претседателот на партијата Христијан Мицкоски ја соопшти одлуката на Извршниот комитет тој да биде нивни кандидат на локалните избори за прв човек на главниот град.
Орце Ѓорѓиевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје.
ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ Е КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ Одлуката на извршниот комитет ја соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ фото: принтскрин Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи Орце Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.