Во делот Клучни ревизорски прашања, ревизијата посебно го анализира статусот, кадровската екипираност, финансирањето и начинот на функционирање на Единицата за имплементација на проектот за изградба на нов клинички центар . Ревизијата исто така известува за расположливите неискористени средства на проектната сметка во износ од 517.251 илјади денари, односно 8,4 милиони евра од кои 6,01 милиони евра се по основ на активирани банкарски гаранции за квалитетно извршување на договор, наплатени од изведувачот при раскинување на договорот за изградба на Клинички центар Штип, а додека пак 2,4 милиони евра се повлечени а неискористени средства од кредитот. Mk