Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев продолжи со својата контроверзна и навредлива реторика кога станува збор за македонското прашање и европската интеграција на Република Македонија.
Вчера, на пленарната дебата во Европскиот парламент по повод Извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ, тој рече дека „страданите граѓани на Северна Македонија ја чекаат својата заслужена европска иднина повеќе од две децении, но политичарите во Скопјe очигледно не брзаат и систематски го саботираат овој процес“.„Наместо реформи и вистински напредок, гледаме популизам, националистичка реторика и прикажување на Бугарија како непријател, поради што европската интеграција на земјата не оди добро.