Центарот за управување со кризи го објави извештајот за пожарите во земјава на отворен простор (до 21:30 часот). Вкупно имало 52 пожари, од кои активни се 10, под контрола четити, а изгаснати 38. АКТИВНИ ПОЖАРИ има во: 1. Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид (мешана шума) 2. Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки) 3. Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, од фабриката Самоков) 4. Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума) 5. Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума) 6. Велес – с. Џидимирци (ниска вегетација) 7. Чашка – под Солунска Глава (чад во карпест дел, шумски пожар) 8. Желино – с. Ларце (друга локација, мешана шума) 9. Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) 10. Виница – с. Драгобраште (нискостеблеста шума) ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА има во: 1. Кочани – Бабиште, меѓу Јастребник и Полаки (ниска вегетација и мешана шума) 2. Делчево – Градска депонија Острец 3. Старо Нагоричане – с. Алгуња (нискостеблеста шума) 4. Крива Паланка – с. Градец и с. Лозаново (борова, дабова и багремова шума) ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ: • Прилеп (5) – Веселчани, Ново Лагово, Забрчани, Црн Бор, Лажани • Крушево – Градска депонија • Могила, Велес (4), Росоман, Кавадарци, Свети Николе (3) • Јегуновце, Желино, Теарце, Гостивар, Радовиш, Ново Село • Пробиштип (3), Берово • Куманово (10) – Карпош, Гранд Оил, Пуковско, Романовце, Палестина, Табановце, Средорек, Бело Брдо, патарина Романовце, Никуњски Пат • Ранковце – Милутинци • Кратово – Куклица.