epa11826143 Bulgaria’s GERB-SDS coalition candidate for Prime Minister Rosen Zhelyazkov attends an official ceremony with the Bulgarian President Rumen Radev (not pictured) in Sofia, Bulgaria, 15 January 2025.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро реагираше на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, кој во интервју за бугарската телевизија БТВ го нарече „северномакедонски премиер“.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ.
„Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, a тоа Северна Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Северна Македонија засега е само кандидат“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани „македонскиот јазик и идентитет“.Во разговор за bTV, шефот на бугарската дипломатија потсети дека спорот за историјата им бил оставен на историчарите кога бил потпишан Договорот за пријателство и добрососедство.„Темите поврзани со јазикот и идентитетот треба да ѝ припаѓаат на научната заедница.