Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „таурус“, калибар 9 милиметри, пушка „маверик“, калибар 12 милиметри, 198 куршуми различен калибар, две ловни пушки и една пушка со оптички нишан, кои нелегално ги поседувал, како и други предмети.
На 11.07.2025 во 17.50 часот, во селото Песочани, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија Н.Н.(27) од истото село.