На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ соопшти и дека од вчера попладне е нормализиран сообраќајот на тешки моторни возила на излез од земјава, од БП „Дизел” кон ГП „Блаце”.Автомотосојузот препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.„Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, наведува АМСМ. Alsat