Во пресрет на протестот организациите на земјоделците покренаа иницијатива за собирање потписи на петицијата насловена „Нема безбедност без Заедничка земјоделска политика“, алудирајќи на актуелните приоритети на ЕУ за зајакнување на европската одбрана и безбедност.
Иницијаторите на петицијата сметаат дека Заедничката земјоделска политика има суштинска важност за гарантирање на безбедноста на храната во Европа и за одржување на стабилноста на европските земјоделски заедници и се против актуелните предлози на Европската комисија за промена на структурата на финансирање на земјоделскиот сектор. Libertas
Организаторите на протестот најавија дека е предвидене „симболичен марш“, кој ќе започне од пред Европскиот парламент и ќе заврши пред зградата на Европската комисија.
Според организаторите, со овој протест тие сакаат да повикаат на „обновена посветеност“ на земјоделскиот сектор, на изработка на буџет за Заедничката земјоделска политика прилагоден на стапката на инфлација и за зачувување на сегашната структура на „два столба“ на земјоделската политика, кои вклучуваат директни субвенции и средства за рурален развој. Libertas