Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со меморандумот, со „Казанџи груп“, за изградба на гасните централи, како и тоа дали се знае локацијата и колку ќе чини инвестицијата, рече дека очекува да ги прецизираат локациите и дека процесот на преговори ќе продолжи.
Минатата недела македонската Влада потпиша меморандум за соработка со светскиот гигант во енергетиката, компанијата „Казанџи груп“.