Превенцијата е мисловна именка, а чувството на безбедност е луксуз кој си го дозволуваат само оние што живеат зад високи огради и со придружба од телохранители или полициска заштита 24/7. Граѓаните, пак, живеат во страв – страв од случаен напад, заталкан куршум од некоја свадбена прослава, од задоцнета интервенција, од тоа дека утре тие самите или некој нивен близок може да станат дел од статистиката, во соопштение на МВР или во рубриката Црна хроника во медиумите. Civilmedia