На огласот за вработување во Македонската навигација (М-НАВ), по најавата на контролорите на летање дека на 10 јули ќе штрајкуваат, и потоа ставањето на процесот во мирување, се избрани лица блиски до владејачката партија, меѓу кои сопружник на актуелна функционерка, како и еден од првите луѓе во раководството на организација во рамките на партијата на власт, порталот „Сакамдакажам (СДК). Така, според „СДК.мк“, на огласот за вработување во М-НАВ се избрани Ивана Југ, сопруга на починатиот Игор Југ, еден од осудените за организираниот напад во Собранието на 27 април 2017 година; Атанас Стамнов, сопруг на директорката на Централниот регистар на Македонија; и потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Ѓорѓиев. 360stepeni
Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија (ССКЛМ) во јуни му постави ултиматум на раководството на М-НАВ, со кој побара поништување на последниот оглас за нови вработувања и итна реализација на неисполнетите точки од минатогодишната спогодба.
Но, закажаниот штрајк на контролорите за летање на 10 јули беше ставен во мирување, а претседателот на ССКЛМ, Александар Тасевски, рече дека одлуката е донесена оти барањата на синдикатот се придвижуваат, поточно, одобрено е барањето за вработување контролори и за спроведување функционална анализа која треба да определи кои работни места и колкав број извршители се потребни. 360stepeni
Контролорите на летање се заканија дека поради спорниот оглас ќе штрајкуваат на 10 јули, но тоа не се случи.
„Сдк“ пишува дека Ѓорѓиев е примен на работното место „студент ВИ“, додека Југ и Стамнов се примени на работното место „помошник за развој и инвестиции и набавки“. Nezavisen
Опозицискиот социјалдемократски сојуз (СДСМ) бара итно поништување на спорниот оглас за вработување во Македонската навигација (М-НАВ), обвинувајќи ја владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ дека врши партизација на институцијата што се грижи за безбедноста на авиосообраќајот. 360stepeni