Голем пожар зафати земјоделско земјиште кај селото Ложани, во општина Струга, при што биле зафатени околу 20.000 метри квадратни посеви со пченица, јачмен и со други земјоделски култури, информираше денеска СВР Охрид.
На 19.07.2025 година во 13,13 часот, во ОВР Струга е пријавен пожар на земјоделско земјиште засасдено со пченица, јачмен и други посеви, во површина од 20000 метри квадратни, лоцирано во атарот на струшкото село Ложани, сопственост на повеќе жители на селото.