Стартот на новата учебна година ќе започне со учебници по странски јазици за учениците во основното образование, откако пет години основците учеа јазици од импровизирани учебници.
Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, министерката за образование и наука Весна Јаневска потврди дека учебниците по странски јазици, кои подолго време недостасуваа во наставата, ќе бидат достапни за учениците од 1 септември. 360stepeni