Денеска стоиме пред важен чекор на нашата држава, го зајакнуваме својот одбранбен капацитет, ја модернизираме својата армија и јасно покажуваме дека знаеме да вложуваме одговорно, стратешки и во интерес на безбедноста на своите граѓани, рече премиерот Христијан Мицкоски, на денешната промоција на артилериската батерија составена од шест хаубици 105 мм, „Боран“ и друга придружна опрема во прилепската касарна „Мирче Ацев“.
Денес, во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе бидат присутни на свеченоста по повод промоцијата на артилериската батерија.