Изгаснати се пожарите и во општините Старо Нагоричане, Кратово, Јегуновце, Теарце, Тетово, Свети Николе, Битола, Карбинци, Штип, Делчево, Росоман… Во општина Аеродром изгаснат е пожарот на улица „Гаврил Константиновиќ“, каде гореше ниска вегетација, во општина Гази Баба – кај стрелиште Камник, во општина Сарај – крај Вардар, а во општина Бутел – населба Визбегово.