Силен пожар ја зафати планината Жеден кај Желино, а огнот се спушти и до автопатот Скопје-Тетово, каде во текот на денот беше забрането и движењето на автомобили во двата правци...
Автопатот Скопје Тетово заради чадот од пожарот кај желино по краток период повторно беше пуштен за сообраќај.
По три пожари се изгаснати во општините Ранковце и Куманово и два во општина Липково.
Изгаснати се пожарите и во општините Старо Нагоричане, Кратово, Јегуновце, Теарце, Тетово, Свети Николе, Битола, Карбинци, Штип, Делчево, Росоман. Kanal5
Изгаснати се пожарите и во општините Старо Нагоричане, Кратово, Јегуновце, Теарце, Тетово, Свети Николе, Битола, Карбинци, Штип, Делчево, Росоман.
Во општина Аеродром изгаснат е пожарот на улица „Гаврил Константиновиќ“,во општина Гази Баба – кај стрелиште Камник, во општина Сарај – крај Вардар, а во општина Бутел изгаснат е пожарот во населбата Визбегово. Kanal5
Шуми горат во 4 општини а Хеликоптерот на МВР со направени 60 налети врз пожарот во село Нивичино во струмичката општина Василево, каде што гори нискостеблеста шума.
Како што соопшти МВР, хеликоптерскта единица од воздух исфрлила повеќе од 80 тони вода со цел да се спречи ширењето на огнената стихија и да се овозможи полесно гасење од теренот а денес во гаснењето е вклучен и уште еден халикоптер на АРМ. Kanal5
Но и покрај интензивните напори, пожарот сè уште е активен.
Исто така пожари кои што сè уште бараат засилена интервенција се оние во Македонски Брод, Прилеп каде два ер трактора се вклучени денеска во гаснењето. Kanal5
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола.
Во гаснење на пожарот помеѓу Желино и Еребино, со кој се зафатени сува вегетација и грмушки, од 16 часот ќе бидат вклучени два авиона „Ер трактор“, најави Дирекцијата за заштита и спасување.
Автопатот Скопје-Тетово е затворен во двата правци, поради пожарот кој избувна помеѓу Желино и Еребино, известува Дирекцијата за заштита и спасување.
Во полицијата било пријавено дека вчера во 15:30 часот на улица „Љубо Божиновски Пиш“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици управувано од Т.И.(42) од Тетово, кое удрило во велосипед управуван од С.С.(68) од Тетово.
На 18.07.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на улица „Љубо Божиновски Пиш“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици управувано од Т.И.(42) од Тетово, кое удрило во велосипед управуван од С.С.(68) од Тетово.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата, којшто заседавал денеска.
Вчеравечер (18/19.07.) во периодот од 22.30 до 00.30 часот полициски службеници од СВР Тетово во содејство со претставници од Државна пазарна инспекција, од Управата за јавни приходи, како и од Трудова инспекција, извршија акциска контрола по разни основи во доменот на институционалната надлежност во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Полициска станица Тетово.
На 17.07.2025 во 03.50 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.М.(44) од Тетово.