Центарот за управување со кризи информира дека до 08:00 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 2 се под контрола и 22 се изгаснати.
Активни пожари: 1. Општина Желино: с. Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација); 2. Oпштина Василево: с.Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); 3. Општина Македонски Брод 1: с.Грешница (мешана шума и ниска вегетација); 4. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран): помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); 5. Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација). Пожари под контрола: 1. Општина Македонски Брод: с.Слатина (смрека, сува трева и друга ниска вегетација); 2. Oпштина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума); Изгаснати се пожари во следните општини: Студеничани (Горно Количани, Батинци), Бутел, Сарај, Кисела Вода, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Дојран, Струга, Свети Николе, Штип, Кочани, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Тетово, Брвеница и Гостивар.