Ве молам да ја оставиме таа тема на тие луѓе што навистина чувствуваат голема болка, а не што сакаат ситни политички поени да добиваат од тоа – изјави Мицкоски на новинарско прашање за барањето на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани да се објави наводна снимка од разговорот од средбата која се одржала на 7 јули во Владата.
Од Владата во неколку наврати посочија дека со семејствата на средбата се разговарало со највисока почит, разбирање и внимание за болката што ја носат родителите. Plusinfo
„Ве молам, болката е преголема и сите се уште ја чувствуваме.
Ве молам, таа тема да ја оставиме на политичките глодари и лешинари“, рече премиерот Христијан Мицкоски за објавување на целосната видео-снимка од состанокот со родителите од Кочани чии што деца загинаа во дискотеката „Пулс“ што се одржал на 7 јули 2025 година во Владата. Libertas
По повикот на родителите на жртвите од трагедијата во Кочани да се објави снимката од средбата која ја оствариле со премиерот во владата, Мицкоски порача дека сочуствува со нив и дека нема да кометира на темата. Kanal5