Состојбата со пожарите во Македонија до 18 часот е седум активни, два под контрола и шест изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Кога се во прашање активните пожари, најголемиот дел се во централните и западните делови од државата: -Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација) -Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева) -Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација) -Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација) -Општина Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева) -Општина Ресен – с. Покрвеник (трски и сува трева) -Општина Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада) Како пожари „под контрола“ се водат два.