Освојувачот на ЕХФ европскиот куп, РК Алкалоид денеска во својата база во Автокоманда ги почна подготовките за новата сезона во домашниот шампионат и во Европа.
На првиот тренинг во Салата „Автокоманда“ присуствуваше и Генералниот директор / Претседателот на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов, кој им посака на ракометарите успешна сезона исполнета со здравје, тимска сплотеност и со врвни натпреварувачки достигнувања.