Лукаревска потенцираше дека ребалансот се темели врз нереални макроекономски проекции на Владата, при што Владата проектира економски раст од дури 7%, додека реалните проекции – од Народната банка и Светска банка – укажуваат на многу понизок раст од 2,6 до 3 %. „Дополнително, капиталните инвестиции се на незадоволително ниво, а ребалансот предвидува кратење на средства за реални и неопходни проекти, додека се зголемуваат трошоците за договорни услуги.