Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C ќе продолжи до 26 јули.
Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжениот топлотен бран, Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.7 до 26.7, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремените жени и за лицата постари од 60 години, соопшти Владата.