Поздрав од Атина – билатералната соработка, економијата и инвестициите во фокусот, напиша на Инстаграм министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски непосредно пред средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Атина, утре ќе има средба шефот на дипломатијата на Грција, Јоргос Гераптеритис.
Економската и енергетската соработка, инфраструктурното поврзување, ЕУ перспективата на регионот, но и актуелните геополитички случувања, се очекува да бидат во фокусот на денешната средба во Атина на министрите за надворешни работи Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина.