Дополнително, Минчев најави и реконструкција на останатите центри ширум државата, а овој центар ќе служи за новите вработени во јавната администрација, но и на веќе вработените административци.
Според Минчев, формирањето на министерството за јавна администрација е јасен показател за политичката волја за департизација на јавната администрација, а дополнителна гаранција за истото се новите законски решенија со кои се зголемени критериумите во законите за учество во рамките на јавните огласи. Kanal5
Министерството за јавна администрација денес свечено го отвори целосно реновираниот Центар за обуки на административните службеници, лоциран во Општина Аеродром – Скопје. Netpress
Центарот е опремен со нов, модерен канцелариски мебел и најсовремена техничка опрема за спроведување едукативни активности, со што се создаваат квалитетни и професионални услови за развој и усовршување на јавната администрација.
На свеченоста се обрати министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој во своето обраќање ја нагласи важноста на вложувањето во човечкиот капитал како двигател на реформите. Skopjeinfo
„Тоа значи дека административните службеници, без разлика каде се наоѓаат, ќе имаат пристап до содржините за учење, евалуација и професионален развој – дигитално, флексибилно и во склад со европските стандарди.
Новиот закон за стручно усовршување и едукација на административните службеници усвоен неодамна во Собранието дополнително ја зацврсти улогата на Министерството како клучна институција во градењето на одржлив систем за учење и развој на службениците. 360stepeni
Затоа овој едукативен центар не го гледаме само како објект, туку како функционален ресурс, простор каде административните службеници ќе добиваат знаење, вештини и поддршка што се неопходни за да ги исполнат своите улоги, одговорно квалитетно и навремено.
Министерството за јавна администрација во рамките на сеопфатните реформски процеси посветено работи на системска трансформација на начинот на кој се спроведува обуката – додаде Минчев. Plusinfo
Во скопската населба Аеродром беше пресечена лентата за отворањето на Центарот за обука на административни службеници.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, изјави дека административните службеници ќе ги стекнат потребните знаења и вештини за одговорно извршување на своите улоги. Mk