Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел го добил одговорот на Хамас на неговиот предлог за прекин на огнот во Газа, прецизирајќи дека тој се разгледува.
Неколку илјади демонстранти на синоќешниот протест во Тел Авив побараа крај на војната во Појасот Газа, истакнувајќи ја сè посериозната хуманитарна криза и кризата со глад во палестинската енклава.
Повеќе од 1.000 Палестинци се убиени од израелските сили од мај додека се обидувале да добијат храна во Појасот Газа, претежно во близина на хуманитарни локации управувани од американски изведувач, соопшти во вторник канцеларијата на ОН за човекови права, пренесе Асошиетед прес.
По четири месеци израелска опсада, малкуте преостанати болници во Газа отворија одделенија за да го сместат растечкиот број тешко неухранети деца.