Во текот на вчерашниот ден согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода, ЈП Водовод и канализација – Скопје констатира повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата.
Во текот на вчерашниот ден согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода, ЈП Водовод и канализација – Скопје констатира повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата, која на дневно ниво изнесува околу 360.000 м3. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот.