Со показна вжеба на спасување на вода и евакуација на патници од опожарен пловен објект, како и со презентација на дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници . Со показна вжеба на спасување на вода и евакуација на патници од опожарен пловен објект, како и со презентација на дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи, попладнево во Охрид беше реализирана активноста на МВР насловена „До Вас, за Вас“.
На ден 26.07.2025 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во организација на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, во рамки на караванот „До вас, за вас“, се одржа симулациска вежба на тема: „Пожар на пловен објект во Охридско Езеро“, велат од ЦУК.