Министерот за европски прашања Орхан Муртезани изјави дека Македонија, иако мала земја, не може да остане имуна на глобалните трендови за ситуацијата во Газа, особено ако тие прераснат во заедничка безбедносна и надворешна политика на Европската Унија.
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се дистанцираше на некој начин од политиката на македонското Собрание за Палестина, каде што не помина резолуцијата со која се бараше да се отвори пат за хуманитарната помош во Газа.