Во Штип е најголемата здравствена инвестиција од околу 150 милиони евра, или изградба на модерна клиничка болница и нов објект за Медицинскиот факултет и студентски дом.
Здравството е најчувствителниот, но и најважниот дел од системот наречен држава, таму каде што не се игра политика, туку се спасуваат човечки животи, и токму таму решивме да направиме радикален пресврт, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на вечерашната трибина на тема Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а која се одржа во Штип. Kanal5
Тој порача дека сето направено досега е само почеток и ја најави големата инвестиција во здравството од средствата од Обединето кралство во вредност од околу 150 милиони евра.
Оваа Влада отсекогаш стоела цврсто позади високото образование и нашите универзитети, се разбира, но постои еден посебен однос кон Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип – Универзитет кој прерасна во симбол на развојот на источниот регион и двигател на знаењето и просперитетот. Denesen