Сакам јасно да му порачам на премиерот дека СДСМ нема да дозволи повторно да се воспостави системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури.
СДСМ е силен коректор на погрешните политики на актуелната власт, а внатрешно ја завршува првата фаза од процесот на консолидација со избор на нови делегати, претседатели на општински организации и подготовките за Конгресот на партијата.
Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) сметаат дека предлог-буџетот за 2025 година е нереален, неразвоен и недомаќински, без визија и креативност и поради тоа имаат поднесено 200 амандмани со кои целат кон подобрување на клучните фискални политики.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра.