На настанот, менторите од шесте Регионални Центри имаа можност да презентираат по еден значаен пример на спроведена менторска услуга во нивниот регион.
Во рамките на Mentor Awards 2023, согласно Методологијата за спроведување на стандардизирани менторски услуги во мали и средни претпријатија за период 2024-2029, Агенцијата и додели Овластување за Инструктор за обука во пракса на Евгенија Лисичова, додека на Никола Димковски (Комуникациски вештини) и Тони Цветановски (Управување со човечки ресурси) им додели Овластување за Обучувачи за теоретска настава. Republika
Настанот е организиран како дел од програмата на Агенцијата и има за цел да го препознае и награди придонесот на менторите кои со своето искуство и поддршка ги инспирираат младите претприемачи и играат важна улога во нивниот развој и успех.
Стандардизираните менторски услуги се дел од програмската активност на Агенцијата со поддршка од Јапонската Агенција за меѓународна соработка (JICA). Во текот на Европската недела на претприемништво, Агенцијата досега реализираше низа активности за поттикнување на претприемачкиот дух. Nezavisen
Агенцијата за поддршка на претприемништвото во рамките на одбележувањето на Европската недела на претприемништво, утре (21 ноември) во ресторанот Рагуза Руфтоп 360 организира Избор на најдобар ментор за 2023 година – Mentor Awards 2023, кој има за цел да го препознае и награди најдобриот ментор. Republika
Дополнително, учениците имаа можност да се запознаат со програмските активности што Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги нуди за развој на претприемнички и дигитални вештини, како и да се информираат за новите обуки кои ќе се спроведат во периодот што следува.
Во текот на денешниот ден се предвидени и активности со организациите од невладиниот сектор, кои работат на полето на унапредување на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија. Faktor