Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
8
9.66
15.71
1.52/0.45
8.00
2.78
0.35
590.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 8
7 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 35.9
Best clustering variants
7 0.99/0.01 2 35.9
20:42 h 27-Sep-2024
  • Познатата британска актерка Меги Смит, позната по шекспирските улоги и оскаровка која се појавуваше и во филмовите за Хари Потер, почина на 89-годишна возраст, објави денеска Би-би-си. Со кариера што започна во 1950-тите, таа е една од ретките актерки што ги има добиено сите три престижни актерски награди – два Оскари, четири Еми и награда Тони.
  • ◉ Почина познатата британска актерка Меги Смит
15:54 h
  • Лејди Меги Смит, позната на помладите генерации по улогата на професорката Мекгонагал, почина на 89-годишна возраст.
  • Почина легендарната професорка од „Хари Потер“ беше почестенa за својата работа од самата кралица
00:15 h 26-Sep-2024
  • На сè повеќе нови филмови и серии, па и книги, па и театарски претстави, ако делото има и најмала вознемирувачка содржина, на почеток се појавува , или „предупредување за потенцијално вознемирување“.
  • И Мет Смит мисли дека оглупуваме од тригер-предупредувања
Netpress

Познатата британска актерка Меги Смит, позната по шекспирските улоги и оскаровка која се појавуваше и во филмовите за Хари Потер, почина на 89-годишна возраст, објави во петокот BBC. Со кариера која започна во 1950-те, таа е една од ретките актерки што ги има добиено сите три престижни актерски награди – два Оскара, четири Еми и наградата Тони.

Таа е позната на помладата публика како професорката Мекгонагл во сите седум филмови за Хари Потер и како Грофицата во хит серијата и филмот „Downton Abbey“. Првата номинација за Оскар ја заработи во 1965 година за улогата на Дездемона во „Отело“ во која нејзин партнер беше Лоренс Оливие, а во 1969 година ја освои првата награда на Американската академија за нејзината улога на учителка од Единбург во филмот „The Prime of Miss Jean Brodie“. Го освои својот втор Оскар за нејзината споредна улога во комедијата „California Suite“ од 1978 година, за која колегата Мајкл Кејн рече: „Меги не само што го украде филмот, таа изврши тешко разбојништво“. Netpress