Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
162
31.48
31.82
53.23/12.07
162.00
47.39
0.29
11110.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 162
206 ■ 0.99/0.01 ■ 17 ■ 289.8
Best clustering variants
206 0.99/0.01 17 289.8
19:44 h 24-Jun-2025
  • Палестинската самоуправа, со седиште во Рамала, денеска повика прекинот на огнот постигнат меѓу Иран и Израел да се прошири и на конфликтите во Појасот Газа.
  • ◉ Палестина бара прекинот на огнот да се прошири и на Газа
08:44 h 22-Jun-2025
  • Американските сили погодија три ирански нуклеарни објекти во „исклучително успешен напад“, рече американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека Фордо, „скапоцениот камен во круната“ на нуклеарната програма на Техеран, е исчезнат.
  • САД ИЗВРШИЈА БОМБАРДИРАЊЕ - ова се сите клучни локации на нуклеарната програма на Иран
08:24 h
  • Обраќајќи се до нацијата по нападот на САД врз Иран, американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Иран „мора да склучи мир сега“ или да се соочи со дополнителни напади врз повеќе цели кои „ќе бидат многу поголеми и многу полесни“.
  • Трамп побара од Иран да „склучи мир“, но нејасно што значи тоа
07:54 h
  • НАЈМАЛКУ 11 ПОВРЕДЕНИ ВО ИЗРАЕЛ Силен ракетен напад од Иран, граѓаните избегаа во засолништа Тимови за итно пребарување и спасување беа испратени на неколку локации во Израел кои беа погодени во утринските воздушни напади на Иран.
  • НАЈМАЛКУ 11 ПОВРЕДЕНИ ВО ИЗРАЕЛ Силен ракетен напад од Иран, граѓаните избегаа во засолништа
07:09 h
  • Неколку членови на американскиот Конгрес од двете партии ја доведоа во прашање законитоста на потегот на американскиот претседател Доналд Трамп за започнување воени напади врз Иран.
  • Американски конгресмени ја доведоа во прашање законитоста на потегот на Трамп за бомбардирање на Иран
06:34 h
  • Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска извршила напади врз три нуклеарни постројки во Иран – Фордоу, Натанц и Исфахан – и дека авионите што ја извршиле мисијата веќе се на пат да се вратат во Соединетите држави.
  • САД нападнаа три ирански нуклеарни постројки, Трамп му порача на Иран дека мора да склучи примирје
06:05 h
  • Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска рано наутро изјави дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги нападне иранските нуклеарни постројки „ќе ја промени историјата“.
  • Нетанјаху: Одлуката на Трамп за нападот врз Иран ќе ја промени историјата
05:44 h
  • Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки.
  • (Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади
03:45 h
  • Доналд Трамп во саботата на националната телевизија изјави дека САД бомбардирале и уништиле три нуклеарни постројки во Иран, директно приклучувајќи се кон напорите на Израел да ја уништи нуклеарната програма на земјата во ризичен потег за ослабување на долгогодишен непријател, во услови на закана од Техеран за одмазда што би можела да предизвика поширок регионален конфликт.
  • Трамп изјави дека САД нападнале три ирански нуклеарни постројки и дека „целосно ги уништиле“
Novamakedonija

Фото: Пиксабеј Едно многу веројатно сценарио за тоа како би се развивале состојбите поврзани со иранското воено жариште Зоран Метер Доколку работите на дипломатски и воен план се развиваат така што нема ирански напади врз американските сили во регионот, при што последователно на тоа со голема веројатност бидат запрени (под влијание на САД) и меѓусебните израелско-ирански напади, ќе следува: – Теократската влада во Техеран ќе остане на власт (една од клучните цели на Израел на тој начин би била неостварена). – Иран ќе мора целосно да се откаже од своите амбиции за развој на својата воена нуклеарна програма (со тоа би било исполнето клучното израелско барање, но тоа нема да има негативно влијание врз Техеран во однос на пропагандата, бидејќи со години јавно изјавува дека нема намера да произведува атомско оружје, а ајатолахот Али Хамнеи дури и јавно прогласи фатва за тоа, спротивставувајќи се на иранските тврдокорни струи што инсистираа на тоа како единствена гаранција за иранската безбедност во иднина). – Иран би го задржал правото да ја развива својата цивилна нуклеарна програма, што сите земји во светот имаат можност да го сторат според меѓународното право (нуклеарни централи за производство на електрична енергија, нуклеарни компоненти за медицински цели итн.). – Иран дефинитивно би станал уште посилно вклучен во политичко-безбедносните интеграции со Русија и Кина, со што би се гарантирал неговиот опстанок во замена за опстанокот на државата Израел (преку членство во БРИКС, Шангајската организација за соработка – ШОС, а веројатно наскоро и во руската верзија на ЕУ, Евроазиската економска унија (ЕАЕУ). – И се разбира дека Доналд Трамп би добил целосно задоволство! Novamakedonija

Novamakedonija

Фото: Пиксабеј Едно многу веројатно сценарио за тоа како би се развивале состојбите поврзани со иранското воено жариште Зоран Метер Доколку работите на дипломатски и воен план се развиваат така што нема ирански напади врз американските сили во регионот, при што последователно на тоа со голема веројатност бидат запрени (под влијание на САД) и меѓусебните израелско-ирански напади, ќе следува: – Теократската влада во Техеран ќе остане на власт (една од клучните цели на Израел на тој начин би била неостварена). – Иран ќе мора целосно да се откаже од своите амбиции за развој на својата воена нуклеарна програма (со тоа би било исполнето клучното израелско барање, но тоа нема да има негативно влијание врз Техеран во однос на пропагандата, бидејќи со години јавно изјавува дека нема намера да произведува атомско оружје, а ајатолахот Али Хамнеи дури и јавно прогласи фатва за тоа, спротивставувајќи се на иранските тврдокорни струи што инсистираа на тоа како единствена гаранција за иранската безбедност во иднина). – Иран би го задржал правото да ја развива својата цивилна нуклеарна програма, што сите земји во светот имаат можност да го сторат според меѓународното право (нуклеарни централи за производство на електрична енергија, нуклеарни компоненти за медицински цели итн.). – Иран дефинитивно би станал уште посилно вклучен во политичко-безбедносните интеграции со Русија и Кина, со што би се гарантирал неговиот опстанок во замена за опстанокот на државата Израел (преку членство во БРИКС, Шангајската организација за соработка – ШОС, а веројатно наскоро и во руската верзија на ЕУ, Евроазиската економска унија (ЕАЕУ). – И се разбира дека Доналд Трамп би добил целосно задоволство!

Доналд Трамп нема намера да ја вовлече Америка во исцрпувачка војна со Иран, која би барала ангажирање американски копнени сили, би била долготрајна и исцрпувачка и дефинитивно би го означила крајот на неговата политичка кариера, што несомнено го посакуваа демократите и поголемиот дел од таканаречената длабока држава – онаа што му се спротивставува на Трамп. Novamakedonija