Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази силна поддршка за американските напади врз иранските нуклеарни постројки, велејќи дека „оставањето на работите какви што се, не беше опција“.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема причина да ги критикува нападите на Израел и САД врз Иран.„Нема причина ние, дури ни јас лично, да го критикуваме она што Израел го започна пред една недела, ниту пак има причина да го критикуваме она што САД го направија минатиот викенд“, рече Мерц на настан организиран од германската индустриска лоби група БДИ, објави Ројтерс.