Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
32
37.79
31.15
7.72/3.67
32.00
13.00
0.41
2543.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 32
77 ■ 0.99/0.01 ■ 4 ■ 705.2
Best clustering variants
77 0.99/0.01 4 705.2
22:10 h 19-Sep-2024
  • Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети милијарди евра помош од ЕУ за регионите погодени од тешките поплави што ја зафатија Централна и Источна Европа во последните денови.
  • ◉ Фон дер Лајен вети 10 милијарди евра помош од ЕУ за регионите погодени од поплавите
14:19 h 17-Sep-2024
  • Шефицата на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен денеска на прес-конференција во Стразбур го претстави својот нов тим на еврокомесари и на ресорите со кои тие ќе раководат во следните пет години.
  • Фон дер Лајен го предложи новиот состав на ЕК: Словенката Марта Кос номинирана за еврокомесарка за проширување
11:45 h
  • Просперитетот, безбедноста и демократијата, заедно со конкурентноста и дигиталната и енергетската транзиција, ќе бидат основни приоритети на новата Европска комисија, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Стразбур на која официјално ги претстави новите еврокомесари и ресорите со кои ќе раководат.
  • Фон дер Лајен го објави составот на новата ЕК: Словенката Марта Кос нова еврокомесрка за проширување
11:36 h
  • Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денес ги објави имињата на кандидатите за еврокомесари, а портфолиото „проширување“ го доби Марта Кос од Словенија.
  • Марта Кос од Словенија предложена за еврокомесар за проширување
11:35 h
  • Изборот на Урсула фон дер Лајен за нов комесар одговорен за политиката на проширување падна на Словенката Марта Кос.
  • Која е Марта Кос – новата комесарка за проширување?
07:45 h
  • Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Стразбур на средба зад затворени врати со членовите на Конференција на претседатели на Европскиот парламент, што ја сочинуваат претседателката на ЕП, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи, треба да го презентира предлог-составот на новиот Колеџ на комесари и распределбата на ресорите со кои тие ќе раководат.
  • Фон дер Лајен треба да го претстави новиот состав на Еврокомисијата
Faktor

Шпанката Тереза Рибера ќе биде извршна потпретседателка на чиста, праведна и конкурентна транзиција и еврокомесарка за политиката на конкурентност, Финката Хена Виркунен извршна потпретседателка за технологија, суверенитет, безбедност и демократија и еврокомесарка за дигитални технологии, а Французинот Стефан Сежурне ќе биде извршен потпретседател за просперитет и индустриска стратегија и еврокомесар за индустријата, мали и средни претпријатија и единствениот пазар.

Останатите тројца извршен потпретседатели ќе бидат Романката Роксана Манзату, задолжена за вештини и стручно оспособување на луѓето, која воедно ќе биде и еврокомесарка за вештини, образование, култура, квалитетни работни места и социјални права, Италијанецот Рафаеле Фито, кој ќе биде одговорен за кохезија и реформи и еврокомесар кохезивна политика, регионален развој и градовите и Естонката Каја Калас, како висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Faktor

Kanal5

Останатите тројца извршен потпретседатели ќе бидат Романката Роксана Манзату, задолжена за вештини и стручно оспособување на луѓето, која воедно ќе биде и еврокомесарка за вештини, образование, култура, квалитетни работни места и социјални права, Италијанецот Рафаеле Фито, кој ќе биде одговорен за кохезија и реформи и еврокомесар кохезивна политика, регионален развој и градовите и Естонката Каја Калас, како висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Словакот Марош Шефчович ќе биде еврокомесар за трговија, економска безбедност, меѓуинституционални односи и транспарентност, Летонецот Валдис Домбровскис за економија, продуктивност, имплементација и поедноставување, Хрватката Дубравка Шуица е предложена за еврокомесарка за Медитеранот, а Унгарецот Оливер Вархеји за здравје и благосостојба на животните. Kanal5

Sitel

Кандидати за еврокомесари: – Австрија: Магнус Брунер, министер за финансии; – Белгија: Хаџа Лабиб, шефица на дипломатијата; – Бугарија: Екатерина Захариева, поранешна министерка и актуелна пратеничка во бугарското Собрание; – Грција: Апостолос Цицикостас, гувернер на грчкиот регион Централна Македонија и поранешен претседател на Европскиот комитет на регионите; – Данска: Дан Јоргенсен, министер за развојна соработка и глобална климатска политика; – Ирска: Мајкл Мекграт, министер за финансии; – Италија: Рафаеле Фито, министер за европски прашања и кохезивна политика; – Кипар: Костас Кадис, поранешен министер за земјоделство, за образование и за култура; – Летонија: Валдис Домбровскис, еврокомесар за трговија; – Литванија: Андриус Кубилиус, европратеник и поранешен премиер; – Луксембург: Кристоф Хансен, европратеник – Малта: Роберт Абела, шеф на Кабинетот на малтешкиот премиер Глен Микалеф; – Полска: Пјотр Серафин, постојан полски претставник во ЕУ; – Португалија: Марија Луис Албакерки, поранешна министерка за финансии; – Романија: Роксана Манзату, европратеничка и поранешна министерка за европските фондови; – Словачка: Марош Шефчович, потпретседател на Европската комисија за зелениот договор и за меѓуинституционални односи; – Словенија: Марта Кос, поранешната амбасадорка во Германија и Швајцарија; – Унгарија: Оливер Вархеји, комесар за проширување и соседска политика; – Финска: Хена Виркунен, поранешна европратеничка и екс-министерка за образование, за јавна администрација и за транспорт; – Франција: Стефан Сежурне, министер за надворешни и европски прашања; – Холандија: Вопке Хукстра, еврокомесар за климатска акција; – Хрватска: Дубравка Шуица, еврокомесарка за демократија и демографија; – Чешка: Јозеф Сикела, министер за индустрија и трговија; – Шведска: Јесика Розвол, министерка за европски прашања и нордиска соработка; и – Шпанија: Тереза Рибера, министерка за еколошка транзиција.

Германија и Естонија оваа година не номинираа кандидати за еврокомесари, бидејќи германското место го зазема претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, а естонското поранешната премиерка и европратеничка Каја Калас, која Советот на ЕУ во јуни ја предложи за висока претставничка за надворешна политика и безбедност. Sitel