Сепак, земјите членки се уште имаат можност да го третираат волкот како строго заштитен вид во нивното национално законодавство и да имаат построги мерки за негова заштита, посочи Советот.
Измените на статусот на волците од „строго заштитени“ во „заштитени“ животински видови ги предложи Европската комисија минатиот месец, иницирајќи промена на анексите IV и V од Директивата на ЕУ за живеалишта на животните, заради нејзино усогласување со ажурираната верзија на Бернската конвенција на Советот на Европа, што стапи во сила на почетокот на март. Libertas
По повод ваквиот предлог, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен тогаш посочи дека тој доаѓа во време кога глутниците волци во некои европски региони „станаа вистинска опасност, пред се за добитокот“.
Предлагаме промена на законодавството на ЕУ што ќе им помогне на локалните власти активно да управуваат со популациите на волци, притоа штитејќи ги и биодиверзитетот и нашите рурални средства за живот, нагласи Фон дер Лајен. Nezavisen
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со постигнатиот договор во Корепер се менува Директивата за живеалишта на животи на ЕУ, со што статусот на волците од „строго заштитени“ се менува во „заштитени“ животински видови.
Според Советот на ЕУ, целта на овие измени е „да се обезбеди поголема флексибилност во управувањето со популациите на волци во земјите членки на ЕУ“, со тоа што ќе се подобри коегзистенцијата, ќе се минимизира влијанието на зголемената волчешка популација и ќе се намалат социо-економските предизвици. Nezavisen
За таа цел, Конвенцијата предвидува законски обврски на страните нејзини потписнички за заштита на над 500 видови растенија и повеќе од 1.000 диви животински видови.
Статусот на заштита на волците резултира со позитивен тренд за нивната популација, чија бројност се удвои за 10 години, од речиси 11.200 во 2012 година на околу 20.300 во 2023 година. Nezavisen