Сепак, според авторите, во една Унија од 36 члена, „големата тројка“ ќе има поголем избор на потенцијали партнери за усвојување на одлуки, односно 33, наместо сегашните 24. Анализата сугерира дека централно прашање во дебатите за можните реформи на донесувањето одлуки во Советот останува проблемот како да се обезбеди поддршка од малите и средните земји во услови кога за секоја промена на Договорот на ЕУ, вклучително и за начинот на одлучување, е потребен консензус од сите земји членки.
Големите земји кои се залагаат за укинување на консензусот при гласањето во Советот можеби ќе мора да понудат награди и гаранции на помалите членки, вклучително и промена на дефинициите на квалификуваното мнозинство и блокирачкото малцинство, воведување на барање за супермнозинство за најчувствителните области на политиката… Без убедливи понуди до помалите земји членки, значајната реформа на правилата за гласање во Советот останува неверојатна, а проширувањето може да продолжи без подлабока интеграција – особено имајќи предвид дека, од правна гледна точка, ревизијата на Договорот не е предуслов за понатамошно проширување, се заклучува во Анализата на Шведскиот институт за европски политчки истражувања. Sitel
„Заживувањето“ на политиката за проширување на ЕУ, поттикнато од руската агресија врз Украина, ги разгоре дебатите за институционалните прашања во блокот, особено поврзани со рамнотежата на моќта и процесите на донесување одлуки во европските институции, како и за тоа дали и какви институционални реформи се потребни за подготовка на Унијата за прием на нови членки.
Ова се наведува во анализата на Шведскиот институт за европски политички истражувања (СИЕПС) насловена „Влијанието на проширувањето врз рамнотежата на моќта во Советот“, во која се оценува дека приемот на нови членки во ЕУ ќе предизвика промени во соодносот на силите при носењето одлуки во рамки на блокот, зголемувајќи го влијанието кон помалите земји од источна и јужна Европа, на сметка на големите западни држави. Libertas
„Заживувањето“ на политиката за проширување на ЕУ, поттикнато од руската агресија врз Украина, ги разгоре дебатите за институционалните прашања во блокот, особено поврзани со рамнотежата на моќта и процесите на донесување одлуки во европските институции, како и за тоа дали и какви институционални реформи се потребни за подготовка на Унијата за прием на нови членки. Nezavisen