Проширувањето, Украина и соседската политика на ЕУ ќе бидат главни теми на денешната дебата во Брисел на еврокомесарката за проширување Марта Кос со членови на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
Состојбата со преговорите за проширувањето, агресивната војна на Русија против Украина и политиката на ЕУ кон соседството ќе бидат меѓу приоритетните теми од тековната работна програма на Комисијата за кои европратениците ќе дискутираат со комесарката Кос, соопшти Прес-службата на Европскиот парламент. Sitel
Состојбата со преговорите за проширувањето, агресивната војна на Русија против Украина и политиката на ЕУ кон соседството ќе бидат меѓу приоритетните теми од тековната работна програма на Комисијата за кои европратениците ќе дискутираат со комесарката Кос, соопшти Прес-службата на Европскиот парламент.
Инаку, дебатата на Кос со членовите на АФЕТ се одржува пред утрешната седница на Комитетот на чиј дневен ред, меѓу останатото, е и усвојувањето на Предлог-извештајот за земјава на известувачот на ЕП, Томас Вајц. Libertas