Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска апелираше до сите страни да се воздржат од понатамошни чекори и да се вратат на преговорите, откако Соединетите Американски Држави извршија напади врз три ирански нуклеарни објекти. Fokus
Таа напиша на платформата Икс дека на Иран не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје.
„Ги повикувам сите страни да се воздржат, да се вратат на преговорите и да спречат понатамошно влошување на ситуацијата“, истакна таа и додаде дека министрите за надворешни работи на Европската Унија утре ќе разговараат за оваа ситуација. Denesen