Украинскиот претседател Володимир Зеленски му го одзеде државјанството на земјата на митрополитот на Украинската православна црква (УПЦ), која е дел од Московската патријаршија на Руската православна црква, објави Безбедносната служба на Украина (СБУ).СБУ тврди дека митрополитот Онуфриј, чие вистинско име е Орест Березовски, е државјанин на Руската Федерација од 2002 година, за што не ги информирал украинските власти, а исто така го обвинува и за одржување врски со Московската патријаршија, која „ја поддржува руската агресија против Украина“, објави денес украински Интерфакс.„И покрај целосниот обем на инвазијата, Онуфриј практично продолжува да ја поддржува политиката на Руската православна црква и нејзиното раководство, вклучително и патријархот Кирил“, соопшти СБУ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му го одзеде државјанството на земјата на митрополитот на Украинската православна црква (УПЦ), која е дел од Московската патријаршија на Руската православна црква, објави Безбедносната служба на Украина (СБУ). СБУ тврди дека митрополитот Онуфриј, чие вистинско име е Орест Березовски, е државјанин на Руската Федерација од 2002 година, за што не ги информирал украинските власти, а исто така го обвинува и за одржување врски со Московската патријаршија, која „ја поддржува руската агресија против Украина“, објави денес украински Интерфакс.