Проширувањето е клучен приоритет на ЕУ и тоа не е само политичка цел, туку и стратешка инвестиција во стабилноста и просперитетот на Европа, па затоа Унијата ќе им овозможи на земјите кандидати за членство пристап до целиот сет алатки на инструментот „Глобална Европа“, најави попладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Denesen
Проширувањето е клучен приоритет на ЕУ и тоа не е само политичка цел, туку и стратешка инвестиција во стабилноста и просперитетот на Европа, па затоа Унијата ќе им овозможи на земјите кандидати за членство пристап до целиот сет алатки на инструментот „Глобална Европа“, најави попладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Тие средства не се само за техничка помош, туку и за поддршка на реформите и за инвестиции, изјави Фон дер Лајен на прес-конференцијата на која го презентираше предлогот на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година, во вкупна вредност од 2.000 милијарди евра. Libertas
Тој е поголем, попаметен и пофокусиран.
Тоа е буџет што им користи на нашите граѓани, на нашите бизниси, на нашите партнери и на нашата иднина“. Civilmedia
Станува збор за европската одбрана, европската поврзаност и за европска подготвеност, истакна Фон дер Лајен, додавајќи дека со Буџетот се предвидени и 400 милијарди евра за зајакнување на отпорноста и за механизмите за реакции во кризни ситуации.
Фон дер Лајен нагласи дека за реализација на сите овие проекти, Комисијата предлага нови извори на приходи за буџетот на ЕУ, преку заедничко задолжување, со цел да се обезбеди закрепнување и остварување на приоритетите. Denesen
Со овие нови сопствени ресурси, ЕУ го намалува товарот врз националните буџети и на тој начин ја усогласува амбицијата со одговорноста, рече Фон дер Лајен.
Таа додаде дека ова е Буџет за реалноста на денешницата, како и за предизвиците на утрешнината, што ќе и овозможи на ЕУ да дејствуваме врз основа на своите политички избори во денешниот брзодвижечки свет. Denesen
Предложениот буџет на Комисијата е приближно 700 милијарди евра повеќе од она што е наменето за тековниот седумгодишен период од 2021 до 2027 година.
Буџетот на ЕУ, наречен повеќегодишна финансиска рамка, ги утврдува приоритетите на политиката на Европската унија за наредните години и колку пари се доделуваат на различни области. Denesen
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави договорот на амбасадорите на ЕУ за воведување на 18. пакет санкции против Русија, оценувајќи дека тој „удира во срцето на руската воена машинерија“. Denesen