МЕРКЕЛ УДРИ ПО ПОЛИТИКАТА НА МЕРЦ „И на граница се постапува за азил“ Кога некој ќе каже „азил“ тука на германската граница, тогаш прво мора да се спроведе постапка - директно на границата, ако сакате, но постапка - рече Меркел во извадок од документарец прикажан денеска на германска ARD.
Instagram / bundeskanzlerinmerkel Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја критикуваше одлуката на новата германска Влада да ги одбие нерегуларните мигранти на границата, дури и доколку тие побараат азил, пренесе ДПА.