Матичната компанија на телевизијата Си-би-ес (CBS), „Парамаунт“ (Paramount) постигна вонсудска спогодба со Доналд Трамп и се согласи да му исплати 16 милиони долари на американскиот претседател за повлекување на тужбата, во која тој тврди дека во едно интервју телевизијата ја фаворизирала Камала Харис. огодбата е постигната кога „Парамаунт“ бара од администрацијата на Трамп дозвола за спојување со „Скајденс“ (Skydance). Компанијата ќе избегне судски процес по тужбата од Трамп поднесена во октомври 2024 година, кога тој беше кандидат за Белата куќа.
Во интервју за Фокс Њуз, Трамп ги отфрли медиумските извештаи дека Техеран можеби преместил одредени залихи на ураниум.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ништо не му понудил на Иран и оти „воопшто не разговара“ со иранските лидери.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на Тесла, Спејс Икс и „Х“ „ќе мора да затвори сè и да се врати во Јужна Африка“.