Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека Иран има капацитет да го продолжи производството на збогатен ураниум во рок од неколку месеци.
Американскиот државен секретар Марко Рубио го нарече „неприфатлив“ повикот на еден ирански весник за изрекување смртна казна на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.
Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум пред американските напади врз нуклеарните постројки.
Американскиот Сенат во петокот го отфрли предлогот на демократите да се спречи претседателот Доналд Трамп да употреби воена сила против Иран во иднина без одобрение од Конгресот, само неколку часа откако Трамп изјави дека ќе размисли повторно да го бомбардира Иран ако збогати ураниум до ниво на нуклеарно оружје.