Европската Унија би можела да ги прекине врските со Израел, воспоставени со меѓусебен договор потпишан во 1995 година, поради војната во Газа, која трае од октомври 2023 година, открива „Политико“.Протечената нацрт-листа на потенцијални мерки на ЕУ, составена од Европската служба за надворешна акција и видена од списанието Политико, вклучува низа опции, вклучително и „целосно суспендирање“ на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, што овозможува блиски трговски односи и други форми на соработка.
Сподели со своите пријателиПреговорите меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците се на работ на колапс, изјавија палестински претставници запознаени со разговорите во Катар, пишува Би-Би-Си. Според висок палестински преговарач, израелската делегација во Доха немала овластување да донесува клучни одлуки, а посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон била искористена за „купување време“.