Израелската армија попладнево соопшто дека имало „техничка грешка“ за време на нападот во кој цел бил „терорист“, член на Исламски џихад, и дека проектилот паднал неколку десетици метри од целта.
Десет лица, меѓу кои шест деца, беа убиени во израелски воздушен напад во централниот дел на Појасот Газа додека чекале ред за вода, објавија претходно службите за итни случаи, пренесе Би-Би-Си. Телата на загинатите беа пренесени во болницата Ал-Авда во Нусејрат, каде што беа згрижени и 16 ранети, меѓу кои седум деца, потврди еден од лекарите.